Саутхемптон го шокира Сити во Лига купот, во полуфиналето пак ќе биде аутсајдер

Ждрепката за полуфиналето на англискиот Лига куп одреди Саутхемптон да игра со Њукасл, а Нотингам форест ќе го пречека Манчестер јунајтед.

Саутхемптон синоќа приреди големо изненадување и го елиминира Манчестер сити, но и во полуфиналето ќе има тежок противник и клуб чии газди се богати Арапи.

Уште не се утврдени датумите на одигрување на мечевите, но тоа ќе биде помеѓу 23 и 30 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести