Дејан Манасков кој е еден од најискусните во составот на Македонија на Мундијалот во Полска, верува дека нашата селекција има сили за многу подобри игри и резултати од стартниот пораз против Норвешка со 39:27.
„Имаме сили да го надминеме поразот. Денеска потфрливме, меч со толку изгубени топки против една репрезентација како Норвешка не смее да се направарт. Заслужена победа на Норвешка. Ние мора да ги поправиме грешките бидејќи Холандија игра сличен ракомет. Не се покажавме во најдоброто светло, но има сили во овие момци, против Холандија ќе бидеме подобри. Не е Норвешка, но многу трчаат, мора да бидеме на ниво на задачата. Остануваме фокусирани на целта да се пласираме во следната фаза, верувам дека тоа е достижно без оглед на денешниот резултат“, изјави Манасков по поразот.
Македонија во второто коло ќе игра против Холандија, а во третото противник ќе ни биде Аргентина.