Селекторот Кирил Лазаров е загрижен поради големиот број на технички грешки кои нашите ракометари ги направија во дуелот против Норвешка, на кој загубивме со дури 12 разлика (39:27). И покрај убедливиот пораз, Лазаров не го напушта оптимизмот дека ќе бидеме подобри на следните две средби од групата.
„Честитки до Норвешка, ја заслужија победата, беа подобри од нас. Бевме рамноправи во првите 20 минути, беше невозможна мисија да се игра против нив во тој ритам во текот на сите 60 минути. Направивме многу технички грешки, моите помошници ми кажаа дека вкупно 17 технички грешки. Одбраната беше проблем, но во секој случај ќе повторам техничките грешки. Мислам ќе бидеме подобри во следниот меч, Норвешка е добра, но не е Холандија, имаме шанси да ги изненадиме. Немаме што да изгубиме, имаме еден ден да се одмориме. Нашата цел е да оствариме победа против Холандија и Аргентина“, изјави Лазаров на прес конференцијата по мечот со Норвешка.
Наша главна цел на ова Светско првенство е да се помине првата фаза, а за тоа наверојатно ќе биде доволно и една победа во групата.