„Фалангата“ доминантна во Краков, навивачкиот испит е положен со десетка (Фотогалерија)

Можеби резултатски ракометарите не поминаа добро против Норвешка, но затоа македонските навивачи без на висина на задачата и заслужуваат пофалба.

Фалангата повторно е убедливо најбројна, доминира на трибините. Во салата имаше и Холанѓани, Норвежани, дури и Аргентинци, но сите тие се засенети од македонската публика која е во голем број и денеска навивачки со песна го „окупираше“ Краков.

За жал, македонските ракометари не им дадоа многу повод за радост, но песната не престануваше и кога Норвешка имаше огромна предност.

Оваа публика заслужува тимот на Кирил Лазаров да ја израдува со барем една победа во првата фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести