Дербито на денот се претвори во кошмар за домаќинот – Блескавата Словенија ја понижи Полска

Словенија и одржа вистинска лекција од модерен ракомет на Полска и блескаше во дербито на денот на Мундијалот со победа од 32:23.

Еден од домаќините на Светското првенство, Полјаците, настрадаа и загубија со огромни 9 гола разлика.

Ваквиот исход беше извесен веќе по првото полувреме што Словенците го добија со 17:11, а играа блескаво и во продолжението за втора победа во вториот меч на Мундијалот.

Доленц со 7 гола, Влах со шест и Јанц со пет погодоци беа лидери на теренот и најавија дека Словенија има репрезентација што ќе се бори за медали.

Кај Полјаците кои имаат два порази и ќе мора да ја победат Саудиска Арабија за пласман во вториот круг, единствена светла точка вечерва беше Морито со седум гола.

Вториот домаќин на шампионатот, Шведска немаше проблеми со Зеленортските острови и победи со 34:27 за прво место во Ц групата со максимални 4 бода.

И Шпанија има ист ефект во А групата по победата вечерва против Чиле со 34:26.

Во второто дерби на денот Унгарија успеа да направи голем пресврт од 12:17 на полувремето и да го победи Исланд со 30:28.

 

- Оглас -

Најнови вести