Ако се суди според атмосферата која ја направија македонските навивачи во фан-зоната, пекол ги чека холандските ракометари во салата во Краков за време на дуелот од второто коло на Светското првенство.
Нашите навивачи веќе се упатуваат кон „Таурон арената“, а погледнете како изгледаше фан-зоната до пред малку додека беше исполнета со Македонци кои на цел глас ги пееја добро познатите навивачки песни.