Ракометната репрезентација на Македонија денеска не игра, па и Фалангата во денот без навивање во сала го користи за разни активности.
Посетата на познатиот логор на смртта од Втората светска војна, Аушвиц, кој се наоѓа на 50-тина километри од Краков, беше една од денешните активностите на македонските навивачи кои преку туристичка агенција или во сопствена режија присуствуваат на ракометното Светско првенство.
Аушвиц е најголем комплекс на концентрациони логори во нацистичка Германија во текот на Втората светска војна, сместен е во близина на градот Ошвјечим, а од 1940 до 1943 година таму починале повеќе од 1 милион луѓе, од кои околу 90% биле Евреи од цела Европа.
На влезот е и пораката „Работата ослободува“ како едно од местата на кои туристите се фотографираат.
Оние што не заминаа во Аушвиц и останаа во Краков, подобро се запознаваа со градот во кој се неколку дена, а утревечер по мечот со Аргентина, најголем дел заминуват дома за Македонија, се надеваме во позитивно расположение.
На ракометарите им останува да го обелат образот и со победа над Аргентина да се пласираат во следната фаза на СП и да ги израдуваат фановите кои поминаа долг пат за да ги бодрат.