Три меча и три убедливи порази за Македонија во групната фаза на Светското првенство за најлош биланс на едно големо натпреварување за нашата ракометна селекција. Македонија на Мундијалот во Полска доби спортска лекција од Норвешка, Холандија и Аргентина.
Од европските ривали загубивме со двоцифрена негатива, и тоа 39:27 од Норвешка и 34:24 од Холандија. Против Аргентина успеавме да останеме на едноцифрена негатива од девет разлика (26:35).
На крајот, по три одиграни кола, Македонија постигна 77 гола, а прими дури 108 погодоци. Од сите 32 селекции кои се дел од Мундијалот, Македонија има помалку примени голови само од Уругвај, селекција која вчера загуби од Шведска со неверојатни 12:47. Благодарение на тој пораз од дури 35 разлика, Уругвај има послаба гол-разлика од Македонија. На крајот, Уругвај групата ја заврши со 61 даден и дури 115 примени гола.