По трите порази во групната фаза од Светското првенство, македонската репрезентација сега ќе продолжи во Президент купот, кој е „утешна награда“ за оние кои завршија како последни во групната фаза.
Според тоа што се актуелните резултати и состојби на табелите во останатите групи, Македонија ќе биде во група со три африкански селекции.
Ако нема изненадувања во вечерните средби, Македонија во Президент купот прво ќе игра против Алжир, и тоа во четврток од 15:30 часот. Потоа ќе следи дуел против Тунис (доколку вечерва оваа африканска селекција не ја победи фаворизираната данска), и тоа в сабота од 18 часот, а во третото коло, кое ќе се игра во понеделник, ривал ќе ни биде Мароко доколку оваа селекција не направи чудо вечерва во дуелот со Хрватска.