Шпанскиот куп постои 117 години, но ова никогаш претходно не се случило

Утре во 13 часот ќе се изврши ждрепката за четвртфиналето во шпанскиот куп, а извлекувањето ќе биде историско, бидејќи досега никогаш не се случило во четвртфинале да играат шесте најдобри шпански клубови според вечната табела на Ла Лига.

Уште ако во четвртфиналето беше Еспањол на местото на Осасуна, сите топ 8 клуба од Шпанија ќе беа четвртфиналисти.

Четвртфиналистите Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Барселона, Осасуна, Севилја, Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Валенсија, заедно имаат 89 титули од 91 можни во шпанската лига, а 98 купа од 117 изданија.

Ждрепката може да донесе Ел Класико, мадридско дерби, баскиско дерби, а Осасуна се надева дека конечно ќе заигра дома, бидејќи во претходните 14 меча од Купот, секогаш гостуваше.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести