Ако биде прогласен за виновен, Дани Алвеш може да помине дури 12 години зад решетки

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш, кој вчера беше уапсен поради обвинение дека на 30 декември сексуално злоставувал девојка во дискотека во Барселона, се соочува со долгогодишна затворска казна.

Алвеш ги демантираше обвинувањата, но обвинителството во Барселона покрена постапка и поради тоа фудбалерот, вчера беше уапсен по пристигнување во каталонскиот град.

Со апсењето, Алвеш остана без клуб бидејќи мексиканскиот тим Пумас експреснмо го раскина договорот со најтрофејниот фудбалер на денешницата.

Денеска весникот „Марка“ објави дека, доколку биде прогласен за виновен, Алвеш може да биде осуден на 12 години затворска казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести