Комплетирано норвешкото ракометно самоубиство, Шпанија оди во полуфинале!

Шпанија ќе игра против Данска во полуфиналето на СП во ракомет, откако во меч за паметење ја совлада Норвешка со 35-34. Победникот беше решен по продолженија од двапати по десет минути и 80 минути игра.

Норвежаните на неверојатен начин испуштија победа во регуларниот дел, а победата на Шпанија беше потврдена на 4 секунди до крајот на четвртото продолжение од пет минути, кога Перез Де Варгас одбрани при 35-34, па спречи седмерци да одлучуваат кој да оди понатаму.

- Оглас -

Најнови вести