Неверојатен пресврт за Детелинките од Атина, од минус 15 до плус 24

Кошаркарите на Панатинаикос со неверојатен пресврт го совладаа Жалгирис со 89:65 во натпревар од 21-вото коло во Евролигата и ги задржаа шансите за освојување на едно од првите осум места на табелата кои носат пласман во плејофот.

Детелинките од Атина по 21-вото коло имаат скор од 8 победи и 13 порази, додека осмопласираниот Макаби има 11 победи и 9 порази.

Натпреварот што се играше во арената „ОАКА“ имаше две различни полувремиња. Во првото, навивачите беа гневни на домашните кошаркари бидејќи Жалгирис имаше предност дури од 15 поени (27:42).

Но, во второто полувреме на теренот како да играше друг тим и играчите на Панатинаикос овој период го добија со неверојатни 62:23.

Клучна беше улогата на Парис Ли, кој во третата четвртина постигна 17 од своите 24 поени.

Монако со триумфот од 101:88 над Милано ја прекина мини-серијата од два порази по ред и го прескокна Жалгирис на петтото место на табелата.

Резултати: Реал Мадрид – Барселона 91:86, Алба – Валенсија 88:94, Лион Вилербан – Фенербахче 91:77, Монако – Милано 101:88, Панатинаикос – Жалгирис 89:65.

- Оглас -

Најнови вести