Челзи ќе плати 120 милиони евра за најдобриот млад фудбалер на СП и буквално го моли да дојде (Фото)

Челзи е во трка со времето и буквално го моли Енцо Фернандес да дојде во клубот, а притоа Сините без проблем би ѝ платиле отштета од 120 милиони евра на Бенфика.

Фернандес беше избран за најдобар млад играч на Мундијалот во Катар, на кој заедно со Аргентина ја освоија титулата, односно Златната божица.

Челзи долго време се обидува да го ангажира 22-годишниот играч за врска, а сега дури и му нуди медицинските прегледи да ги мине во Лисабон и да не мора воопшто да доаѓа во Лондон.

Инаку вообичаен стандард е играчот да дојде во градот на новиот клуб и таму да ги заврши медицинските прегледи, но Челзи е во цајтнот и понуди поинаква варијанта.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1620449872666132481?s=20&t=gwqNWlekUylqpO1oWcqCzw

Претставници на Челзи веќе се во Лисабон на завршни преговори, а трансферот треба да биде завршен денеска до полноќ, кога завршува и преодниот рок за Англија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести