Јован Попзлатанов се врати во Македонија Ѓорче Петров и ќе биде големо засилување за популарните Лавови во продолжението од сезоната во Првата лига.
Еден од најдобрите домашни играчи настапуваше за Вардар во минатите шест месеци и се обиде да помогне во битката за камбек на црвено-црните во Првата лига, но сега го напушти најтрофејниот клуб, кој повторно е во хаос и ќе игра за прволигашот од населбата Ѓорче Петров.