Бизарна ситуација поради која ѕвездата на Спортинг беше исвиркана од сопствените навивачи (Видео)

Необична ситуација се случи на дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Брага, на кој домаќините победија со убедливи 5:0. Иако Спортинг победи без многу мака, домашните фанови во последните минути го исвиркаа Педро Гонсалвес, кој е една од најголемите ѕвезди на екипата.

Во 92-рата минута, при резултат 4:0, беше досуден пенал за Спортинг. Навивачите од трибините почнаа да го скандираат името на Рикардо Есгаио, фудбалер кој во Спортинг во 2021 година дојде токму од екипата на Брага, каде што помина четири сезони.

Рикардо дојде до Педро, побара од него да го шутира пеналот, но беше одбиен. Тогаш домашните навивачи почнаа да му свират на сопствениот фудбалер, кој и покрај негодувањата, успеа да постигне гол.

Нејасно е зошто Педро Гонсалвес не му дозволи на соиграчот да го шутира пеналот, но се верува дека тој реши да шутира затоа што е во трка за најдобар стрелец во лигата и не сакаше да ја пропушти оваа можност да погоди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести