Од „грчкиот град“ Марсеј ќе започне патот на олимпискиот оган низ Франција

Патот на олимпискиот оган во Франција пред Олимписките игри во Париз ќе започне идната пролет од Марсеј, објави организаторот на Игрите.

„Тоа беше прилично јасен и очигледен избор“, изјави Тони Естанж, претседател на организацискиот одбор на Игрите во Париз кои треба да се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.

https://twitter.com/Paris2024/status/1621452437214093314?s=20&t=E_4u0xCo4T37wVinWTQ17w

За време на Игрите во Париз, и Марсеј ќе биде организатор на неколку натреварувања. Во Марсеј ќе се одржат натпреварувањата во едрење, а ќе се одиграат и десет натпревари од машкиот и женскиот фудбалски турнир.

„Марсеј е основан од Грците кои пред 2.600 години дојдоа од Фокеја. Ќе бараме да го дочекаме олимпискиот оган на нашиот брег бидејќи сакаме повторно да се поврземе со големата олимписка историја на споделување, братство, различност и солидарност“, рече градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан.

Олимпискиот оган традиционално ќе биде запален во античка Олимпија, Грција, а комплетната рута низ Франција ќе биде објавена во мај годинава.

- Оглас -

Најнови вести