Пере Мила се налути, во Елче се слави првата победа како да е освоена титулата во Ла Лига (Фото)

Пере Мила е јунакот што цели 20 кола го чекаше Елче за прва победа во Ла Лига, а стрелецот на три гола денеска против Вилјареал донесе победа од 3:1 и многу радост во таборот на фенерџијата во шпанското првенство.

Мила беше прецизен двапати во првиот дел и еднаш во второто полувреме и е првиот играч на Елче со хет-трик во Ла Лига по пауза од 46 години.

Последен што дал три гола за Елче на ист меч е Марио Финароли во 1977 година, а вкупно со Мила ги има само седумина стрелци на хет-трик во клупската историја.

Елче со 9 бода остана на последното место на табелата, а Вилјареал е петти со 31 бод.

 

- Оглас -

Најнови вести