ВАР циркус во Шпанија – Кореа даде гол за Атлетико па му го поништија и беше заменет, за потоа да го признаат истиот погодок како регуларен (Видео)

Атлетико Мадрид ја продолжи неверојатната серија од 24 меча без пораз против Хетафе, но и не успеа да победи што е кикс за нив во Ла Лига.

Мечот во мадридскот дерби заврши нерешено 1:1, со неколку интересни ситуација, меѓу нив највпечатливаа таа од 60. минута кога Анхел Кореа му донесе предност на Атлетико со првиот гол на мечот.

Погодокот беше првично поништен од судијата Лахоз, а Кореа беше заменет и за чудо сепак се радуваше, бидејќи со помош на ВАР системот погодокот беше признат како регуларен.

Соиграчите на Кореа се радуваа со него покрај клупата за резерви кај домаќинот, но радоста им ја скрати Енес Унал во финишот.

Унал израмни на 1:1 со гол од пенал во 83. минута со што и донесе златен бод на претпоследната екипа во Ла Лига.

Во истиот термин се случија уште две изненадувања во Топ-5 лигите во Европа. Борусија Менхенгладбах не успеа да го победи Шалке 04 и ремизираше без голови дома во меч од Бундеслигата, а и Њукасл иако беше фаворит против Вест Хем одигра само 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести