Бразилецот Винисиус јуниор беше исфрустриран од негативата на Реал Мадрид против Мајорка и во финишот на мечот се обиде да одглуми дека е намерно удрен, а успеа само да се посрамоти и да предизвика гужва на терен.
Во дуел со Мафео, Бразилецот од Реал Мадрид не успеа да ја исконтролира топката и потоа падна како покосен симулирајќи дека е удрен.
На снимката се гледа дека околу него нема играч на Мајорка, а популарниот Вини куртули од втор жолт картон и автоматско исклучување заради глума.
https://twitter.com/waraich_haseeb/status/1622248121966157831?s=20&t=GYaNd20nkO7ACSTgZlwJKA
Потоа се обиде сам да дели правда и направи да има хаос на терен и пак не беше казнет со втор жолт картон, откако првиот го доби во финишот на првото полувреме.