Капитенот на младата фудбалска репрезентација на Јужна Африка, Ошвин Андрис, го загуби животот откако во улична расправија бил избоден со нож до смрт.
Андрис бил нападнат во Кејптаун, а починал на пат кон болница.
„Не ја знаеме причината за ваков безумен и нечуен напад. Андрис беше мирен човек и не верувам дека бил инцијатор на некаква расправија. Почина на пат кон болница на рацете на нашата мајка“, објави братот на 19-годишниот фудбалер.
Андрис беше голем талент на фудбалот во Јужна Африка и капитен на националната селекција за играчи до 20 години.
Stellenbosch F.C. is tonight mourning the passing of Oshwin Andries.
The thoughts and prayers of everyone at the Club are with his family, friends, and loved ones at this time.
Full statement ➡️ https://t.co/dLi0khLbDF pic.twitter.com/5n3tgiAhbW
— Stellenbosch FC (@StellenboschFC) February 4, 2023
Дека е вистински фудбалки бисер, потврдува и интересот на Барселона и на неколку англиски клубови кои сакаа да го ангажираат.