Белгискиот фудбалски сојуз и официјално објави дека Дименико Тедеско е именуван за нов селектор на националниот тим.
Тедеско има само 37 години и ќе биде еден од најмладите селектори во светот на фудбалот.
Роден е во Италија, но поголемиот дел од животот е го помина во Германија, каде што беше тренер на Шалке 04 и на Лајпциг, а работеше и во Русија како тренер на Спартак Москва.
https://twitter.com/BelRedDevils/status/1623233923353387008?s=20&t=UubB0RO6YHOch86XsOaU8Q
Договорот важи до завршувањето на Европското првенство во Германија што ќе се одржи во 2024 година.
„Голема чест за мене е да бидам селектор на една од најдобрите репрезентации на светот. Знам дека Белгија има и квалитет и капацитет да направи пресврт и да биде на врвот, а јас ќе се обидам да помгнам во процесот“, изјави селекторот што го наследи Роберто Мартинес, кој доби отказ по слабиот настап на Црвените ѓаволи на Мундијалот во Катар.