Трајковски прекина долг пост од ланскиот мај и погоди за важен бод за Ал Фејха

Александар Трајковски имаше доста проблеми во последнот време со повреди и конечно почна да игра за Ал Фејха, клуб за кој погоди денеска за реми 1:1 против Дамак, што може да биде и бод за спас од испаѓање.

Алекс беше прецизен во 66. минута, точно 20 минути, откако влезе во игра како резерва.

За Трајковски ова е прв гол сезонава за Ал Фејха и прв воопшто од мај лани.

Во истиорт термин, денеска од 14 часот Дарко Велковски со Ал-Етифак загуби со 0:2 на гостувањето кај Ал Тае.

И двете екипи за кои играат двајцата наши репрезентативци имаат по 19 бода во првенството на Саудиска Арабија и се за шест бода над зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести