Тимот на АЕК од Атина е еден од трите најпознати фудбалски клуба од главниот град на Грција, а од неодамна се гордее со нов стадион. АЕК цели 19 години чекаше да добие свој нов дом откако нивниот стар стадион „Никос Гумас“ беше значително оштетен во еден силен земјотрес. Тогаш процентките беа дека стадионот ќе мора да биде срушен и да се изгради нов дом за АЕК.
Првичниот план беше да биде изграден стадион во склоп на Олимписките игри кои беа во 2004 година во Атина, но тој план пропадна. Цели 19 години АЕК чекаше и на крајот го доби својот нов дом, стадионот „Агиа Софија“.
На новиот стадион АЕК делува моќно. Досега овој тим одигра 12 меча во сите натпреварувања и има 12 победи. Последен триумф во низата беше тој над градскиот ривал Олимпијакос со убедливи 3:0 во Купот на Грција.
Денеска АЕК по 13-ти пат е домаќин на новиот дом, а ривал ќе биде Левадијакос. Тоа е екипа која е на претпоследната позиција на табелата во грчкото првенство, па многу веројатно е АЕК да стигне до среќна 13-та победа пред своите навивачи на новиот стадион.
Сезонава 13 победи по ред на свој терен имаше Манчестер јунајтед, а потоа таа низа заврши откако одигра 2:2 против Лидс. Останува да видиме до кога ќе трае серијата на АЕК и кој ќе биде првиот клуб што непоразен ќе си замине од новиот стадион во Атина.