В недела на натпреварот од шпанската лига помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао гостите ќе играат во своите препознатливи црвено-бели дресови, а домаќините во некоја друга комбинација, и тоа по предлог на Јорганџиите.
Во фудбалот обично домаќините се тие што играат во своите традиционални дресови, а гостите во некоја од резервните варијанти, но овојпат ќе биде обратно.
Со овој потег на препуштање на играњето во црвено-бело, Атлетико сака на ривалите од Баскија да им ја честита 125-годишнината од формирањето.