Фудбалерите на Вардар пролетниот дел од сезоната во Втората лига го започнаа со реми против Арсими.
Арсими во првиот дел поведе со голот на Еди Абдија, и тоа откако Црвено-црните во 30-та минута не успеаја да реализираат удар од белата точка преку Дарко Мицевски.
Вардарци во второто полувреме, тргнаа во тотална офанзива, но успеаја да постигнат само еден гол, и тоа преку Дарио Десниќ во 70-та минута.
Конкурентите на Вардар за првото место, остварија победи, Гостивар со 1:0 ја совлада Локомотива, додека Воска Спорт со 4:1 го победи Караорман.