Лудиот меч на ПСЖ и Лил, освен со пресврти и повредата на Нејмар, се истакна со уште нешто.
Кога гостите од Лил поведоа со 3-2, техничкиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, се симна на клупата, и почна да им вика на играчите, давајќи им совети што треба да прават на терен, игнорирајќи го тренерот Кристоф Галтие.
Испадна дека советите од Кампос донесоа резултат, па ПСЖ на крај победи со 3-2 благодарение на велемајсторите Мбапе и Меси, но очигледно дека во клубот не му веруваат многу на тренерот Галтие.