Липи полуде од нервоза, на примен гол ги менуваше Кинезите (Видео)

Марчело Липи се нервираше со право по неверојатните грешки на неговите избраници, а Кина немаше шанса против Иран и е елиминирана со пораз од 0-3 во четврт-финалето на Азиските игри.

Италијанскиот тренерски маг реагираше со многу бес по двете неверојатни грешки на Фенг и на Ву во 18-тата и во 31-вата минута, по кои Тареми и Азмун постигнаа голови за Иран. Липи веднаш ги замени двајцата репрезентативци кои направија големи грешки, но и тоа не помогна. Иран постигна уште еден подарок-гол во 91-вата минута по нова грешка на кинеските репрезентативци, а стрелец беше Ансарифард.

Избраниците на Карлос Кеирос во полуфиналето ќе играат со Јапонија, селекцијата која со победа од 1-0 го елиминира Виетнам.

https://www.youtube.com/watch?v=ZS2lAQo334k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести