ВИДЕОЛОТАРИЈА со сертификат од Европската асоцијација на лотарии за одговорно приредување игри на среќа!

Видеолотарија Касинос Австрија  како членка на Европската и Светската асоцијација на лотарии се стекна со сертификат за одговорно приредување игри на среќа. Со сертификацијата, ние како одговорна компанија за приредување електронски и интернет игри на среќа,  ќе продолжиме да настојуваме и да влијаеме врз зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерно играње.

Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија континуирано работи на едукација на играчите за опасностите кои ги предизвикува компулсивното играње. Во 2019 година е формиран СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана беше СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линијата стои екипа од стручни лица. Видеолотарија  секогаш нагласува дека во игрите на среќа право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.

Добиениот сертификат е потврда за нашата посветеност и заложби за одговорно играње и едукација на играчите во препознавањето на последиците од прекумерното играње игри на среќа. Сертификатот и официјално ќе го добиеме на свеченото доделување на конгресот на Европската асоцијација на лотарии кој ќе се одржи од четврти до седми јуни 2023 во Шибеник. 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  

  • Ознаки
  • VLT

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести