Лукаку е џокерот на Интер за победа, без победник на Лајпциг – Сити (Видео)

Интер обезбеди предност од 1:0 по првиот меч против Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите, и тоа благодарение на голот на Ромелу Лукаку во 86-тата минута од мечот. Лукаку беше резерва, а во игра влезе во 58-мата минута, на местото на Един Џеко.

Лукаку покажа дека е играч од потег, што на крајот се покажа како клучно за радост на неговиот тим. Реваншот се игра во Порто.

Лајпциг и Манчестер сити ремизираа 1:1 на дуел во Германија, што е најава за интересен реванш. Англискиот првак прв даде гол, и тоа во 27-мата минута, кога Ријад Марез ја искористи грешката на домашната одбрана, па на полувреме гостите водеа со 1:0. Погодокот на Марез може да го видите ТУКА.

Лајпциг делуваше дека е во подредена ситуација, барем кога се работи за поседот на топка, но Германците уште еднаш покажаа дека никогаш не се предаваат. Во 70-тата минута, Јошко Гвардиол ги натскока и погоди за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести