Митјиланд во првиот меч го изненади Спортинг во Лисабон и одигра 1:1, но во реваншот на свој терен не успеа да го издржи притисокот и на крајот загуби убедливо со 4:0. Гостите брзо постигнаа гол, потоа Митјиланд остана со фудбалер помалку откако еден домашен играч доби црвен картон, па работата на Спортинг беше олеснета.
Португалскиот гигант стигна до 3:0 и беше јасно дека ќе одат во следната фаза, а „шлаг“ на лошата игра на домаќините се случиво 85-тата минута, кога Гартенман си даде автогол. Дефанзивецот на домаќините се обиде без гледање кон сопствениот гол да ја додаде топката, но на негово изненадување, голманот не беше таму, па си постигна автогол.
Ситуацијата по која беше постигнат автоглот може да ја видите ТУКА.