Смртни закани за првиот човек на Сампдорија, во клубот оставена кутија со свинска глава! (Фото)

Хаосот околу фудбалскиот клуб Сампдорија го достигна врвот, пред клупските простории била донесена кутија со глава од свиња, што во мафијашките кругови симболизира смртна закана, а дека е така, потврдува и пораката која била оставена: „Следниот пат тука ќе бидат главите на Масимо Фереро и Антонио Ромеи“.

Клубот бара нов сопственик, откако контроверзниот режисер Фереро, кој си даде оставка, беше уапсен во декември 2021, поради работи кои не се поврзани со Сампдорија. Но, продажбата оди бавно, затоа што Фереро сака да има поголем личен ќар. Фереро неодамна кажа дека во изминатите три години, од навивачите на Блучеркатите добил четири куршуми како закана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести