Моментот кој објаснува зошто Хрватот го извади Србинот само по 15 минути откако влезе во игра (Видео)

Торино синоќа загуби во градското дерби од Јувентус со 2:4, иако на двапати имаше водство. Првото полувреме беше многу подобро за Торино, тим кој водеше со 1:0 и 2:1, но Јувентус на полувреме стигна до 2:2.

Клучниот момент на мечот се случи во 70-тата минута, кога Јувентус по еден корнер постигна трет гол и целосно го скрши отпорот на ривалот. Токму овој гол беше причина за еден неверојатен потег на тренерот на Торино, Иван Јуриќ.

Хрватскиот стратег на чело на Торино реши од игра да го извади српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ по неполни 15 минути поминати на терен. Радоњиќ во игра влезе во 60-тата минута, Торино го прими третиот гол во 71-вата минута, а Радоњиќ беше изваден од игра во 74-тата минута.

Многумина беа изненадени зошто фудбалерот кој во игра влезе во 60-тата минута, е изваден од игра, но ова прашање може да се реши кога ќе се види како се движел Радоњиќ при корнерот кога Јувентус го постигна третиот гол.

Српскиот репрезентативец стои осамен на аголот од шеснаесетникот и нема никакви дефанзивни задачи, а токму ова многу го налути Јуриќ. Тренерот го смета Радоњиќ за директен виновник за третиот гол на Јувентус, но останува дилемата колку е педагошки да го казни фудбалерот со измена по неполни 15 минути поминати на теренот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести