Њукасл прими гол од најнеефикасниот тим во Премиер лигата, но освои три бода

Њукасл им се врати на победите, откако во претходните пет кола во Премиер лигата редеше само порази и ремија. Попладнево победен е Вулверхемптон со 2-1, па Чавките продолжуваат со битката за пласман во Лигата на шампионите.

Вулфс се најнеефикасен тим во лигата, Њукасл е тим со најмалку примени голови дома, но Волците постигнаа еден гол и тоа стрелец беше Кореецот Хванг кој влезе во игра само 57 секунди пред да го совлада голманот Поуп.

Првиот гол за Њукасл беше дело на Исак, а победата ја донесе Алмирон во 79-та минута.

- Оглас -

Најнови вести