Барселона со девет бода предност ќе влезе во големото Ел Класико следниот викенд, откако вечерва со 1-0 славеше на незгодното гостување во Билбао кај Атлетик.
Голот за Барса го даде Рафиња, а тој гол прво беше поништен, па признат.
Барса неколку пати се спасуваше на чудесен начин да не прими гол, а и кога го прими, тој погодок беше поништен. Радоста на Баскијците ја прекинаа од ВАР собата каде видоа играње со рака на Муниаин во еден дуел со Де Јонг, кој претходеше на голот на Ињаки Вилијамс.
Iñaki Williams’ goal is disallowed. Handball from Iker Muniain. Good call?#AthleticBarca
— Reyi (@Reinaldodcg9) March 12, 2023