Воска е фаворит, но квотата за победа на Пелистер е одлична

Дерби-дуелот помеѓу Воска и Пелистер ќе го затвори 21-вото коло од домашната второлигашка конкуренција. Натпреварот кој ќе се одигра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид се очекува да донесе интересен фудбал, со оглед на позициите на табелата на двете екипи. Воска е во неизвесна трка со Вардар и Гостивар за влез во прволигашката конкуренција, додека Пелистер со евентуален успех на денешниот натпревар сака да фати приклучок и да се вмеша во борбата за влез во првата лига.

Првиот натпревар во есенскиот дел од сезоната, кој се одигра во Битола, заврши нерешено, 1-1.

Натпреварот започнува во 15 часот, а фаворитската улога ја има екипата на Воска со коефициент 2.03, додека за победа на Пелистер е 2,90.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести