На кошаркарите на МЗТ Скопје буквално им се стемни на гостувањето во Чачак. На еден од најважните дуели за опстанок во елитното јадранско друштво МЗТ Скопје губи со 55-35 на 1:28 секунди до крајот на првото полувреме, но натпреварот тука е прекинат. Во спортската сала во Чачак снема струја и очекуваме продолжение на натпреварот во кој МЗТ Скопје игра исклучително лошо.