Рутински победи на Вардар и Алкалоид во ракометната Супер лига

Екипите на Вардар и Алкалоид запишаа рутински победи во рамките на шестото коло од ракометната Супер лига. Вардар на домашен терен го совлада Тиквеш со 35-25. Фаворитот на титулата имаше проблеми само во првото полувреме, кое заврши нерешено, 15-15. Сепак, во вториот дел Вардар излезе на терен со изменет состав и запиша рутинска победа откако вториот дел го доби со убедливи 20-10.

Екипата на Алкалоид, за разлика од Вардар, победата ја обезбеди во првото полувреме, откако го доби со убедливи 20-15 на гостински терен против втората екипа на Еурофарм Пелистер.

На третиот денешен натпревар од Супер лигата, екипата на Бутел забележа домашна победа од 23-16 над составот на Пролет.

Колото ќе биде затворено утре, со дуелот Еурофарм Пелистер – Охрид.

На табелата во водство е Вардар со 21 поен, шест повеќе од Еурофарм Пелистер и Алкалоид, но битолчани имаат натпревар помалку. На позиција која води во ракометна Европа е екипата на Тиквеш на четвртата позиција со 10 бода.

- Оглас -

Најнови вести