Барселона му нуди богатство на Меси за да се врати на Ноу Камп

Договорот на Лео Меси со ПСЖ завршува налето, а нов се уште не е потпишан. Во последно време се погласни се шпекулациите околу неговото можно враќање во дресот на Барселона. Првичните контакти ги потврди и потпретседателот на Барселона, но сега веќе излегоја на површина и дел од условите кои му ги нуди каталонскиот клуб.

Лионел Меси доколку се врати во Барселона ќе добие годишна плата од 10 милиони евра, а би имал и дел од спонзорските договори. Аргентинецот дури би добил и процент од продадените билети за домашните натпревари, како и од продажбата на дресовите со неговото име.

Како што се ближи крајот на сезоната, така се повеќе се зголемуваат шансите Меси да се врати во Барселона на задоволство на сите навивачи на каталонскиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести