Од мирна трка, една одлука на организаторот доведе до хаос на крајот (Видео)

Макс Ферстапен е победник на трката за големата награда на Австралија, која на крајот заврши хаотично. Актуелниот светски првак во Ф1 ја имаше пол-позицијата и успешно ја чуваше првата позиција.

Драмата се случи на четири круга до крајот кога излета Магнусон, а делови од неговиот болид се распрскаа на патеката. организаторите решија дека треба да биде дадено црвено знаме и трката да биде прекината додека не се исчистат парчињата метал.

Откако беа обезбедени услови за продолжување на трката, сите болиди започнаа со нов старт. Токму на тој повторен старт, на три круга до крајот се случи хаос. Неколку болиди се судрија, се направи голема мешаница на патеката и трката веднаш повторно беше прекината.

https://twitter.com/i/status/1642423530418470913

Со оглед на тоа дека по повторниот старт не беше комплетиран ниту еден круг, повторно имаше нов старт, но со стариот распоред на возачите и тоа се случи во последниот 58-ми круг.

На крајот, по долго време чекање да се извози последниот круг, беше решено сигурносното возило да биде на патеката и болидите едноставно само поминаа низ целната линија без да има борба.

За Ферстапен ова беше 37 победа во кариерата, а седумкратниот светски првак Хамилтон стигна до второто место. Местото на пиедесталот го комплетираше уште еден поранешен светски првак, Фернандо Алонсо. Низ целната линија потоа влегоа Строл кој е четврти, петопласираниот Перез, па Норис, Хулкенберг…

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести