Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, од следната сезона ќе седи на клупата на ПСЖ, пишува весникот „Мундо депортиво“.
„Само два тима се опција за Зидан. Колку и да звучи изненадувачки, едната опција е Реал Мадрид. Зидан има одлични односи со претседателот Флорентино Перес. Вториот клуб кој е во игра е ПСЖ, чии челници уште минатото лето разговараа со Зидан“, пишува „Мундо депортиво“.
Според весникот, Зидан има поголеми шанси да седне на клупата на ПСЖ отколку на Реал Мадрид.
Според весникот, актуелниот тренер на Светците, Кристоф Галтие, на крајот од сезоната повеќе од сигурно ќе добие отказ, а постои можност до разделба да дојде и порано доколку екипата продолжи да реди порази во Лига 1 и го загрози освојувањето на титулата.
ПСЖ во неделата загуби од Олимпик Лион со 0:1, но благодарение на ремито на Олимпик Марсеј со Монпелје (1:1), ја задржа предноста од шест бода на лидерската позиција на табелата.
„Мундо депортиво“ наведува дека евентуалното доаѓање на Зидан во ПСЖ ќе доведе до промени во ПСЖ, а негов прв потег би бил трансферот на Нејмар.
Зинедин Зидан во тренерската кариера водеше само еден тим, Реал Мадрид, и тоа во два наврати, од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година, и освои три титули во ЛШ и две во Ла Лига.