Светската фудбалска организација, ФИФА, денес ја објави најновата ранг-листа на репрезентациите. Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 65-тата позиција по минималните победи над Малта во квалификациите и над Фарските Острови на пријателскиот натпревар.
Промена има на врвот, па сега светскиот шампион Аргентина е на првата позиција, а досегашниот лидер Бразил падна на третата позиција. Пред Бразилците, сега е репрезентацијата на Франција, која беше финалист на Светското првенство во Катар. Нема промени на останатите позиции во топ 10. Следуваат Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.
Од земјите во соседството, Србија се искачи на 25-тата позиција, Босна и Херцеговина останува на 57-мото место, додека Албанија падна на 68-мата позција, а едно место под нив е селекцијата на Црна Гора.
Комплетната ранг-листа може да ја погледнете ТУКА.