Поранешниот фудбалер на Барселона и Челзи, Педро, се најде во незгодна ситуација. Тој беше првиот фудбалер кој директно преминал од Рома во Лацио во последните 20 години. Со доаѓањето на Мурињо на клупата на Римската волчица, за него немаше место во тимот, па премина во редовите на најголемиот ривал, Лацио.
Неговиот договор со Лацијалите истекува на крајот од сезонава, но според клаузулата од договорот, тој ќе мора да ѝ исплати на екипата на Рома еден милион евра доколку сака да продолжи да игра за Лацио.
Сепак, неговото останување во клубот од Рим ќе зависи и дали Лацио ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Лацио во моментов е на втората позиција во Серија А, но со предност од пет бода пред петтопласираната Рома.