На натпревар од италијанската серија Д, резултатот беше во втор план бидејќи се случуваше вистинска драма на трибините, која за жал трагично заврши за еден навивач.
Судијката Кристијана Лараспата го прекина мечот меѓу Вастоџирарди и Авецано, за да му укаже помош на навивач на кого му се слоши.
На неколку минути пред крајот на мечот, кога сфати што се случува на трибините, судијката Кристијана дотрча да му помогне на навивачот кој доживеал срцев удар, за да му укаже помош. Нејзините обиди за реанимација со масажа на срцето биле успешни, по што навивачот бил сместен во болничко возило, но за жал, на пат кон болница доживеал уште еден срцев удар и починал.
„Воопшто не размислував и веднаш го прекинав натпреварот. На момент ми изгледаше дека на господинот му беше подобро и се опорави. Направив се што можев за да го спасам“, изјави Лараспата за италијанските медиуми.