Фудбалерите на Олимпик Марсеј не успеаја да забележат победа против Лориент на гостински терен и одиграа само 0-0. Избраниците на Игор Тудор имаа поголем посед на топката, но сето тоа беше без реализација.
Офанзивната игра на Марсеј оставаше многу простор за нападот на Лориент, но и тие не успеваа никако да го пронајдат патот до мрежата на противникот.
Олимпик Марсеј со овој кикс заостана во борбата за титулата во Франција и веќе им е загрозен и пласманот во квалификациите за Лигата на шампиони. ПСЖ е лидер со 69 бодови, пред Ленс кој има 63. Марсеј е на третата позиција со 61 поен, само три повеќе од Монако и помеѓу овие две екипи ќе се води битката за пласман во најквалитетното клупско натпреварување.