Дуелот меѓу Чукарички и Партизан во српското првенство е прекинат само по 20 минути игра. Првиот прекин се случи во 18-тата минута, кога навивачите на Партизан почнаа да фрлаат со факели и со скршени столчиња, па мораше да реагира и полицијата.
Мечот беше во прекин, а продолжи откако симпатизерите на Партизан беа отстранети од трибините. Само што продолжи средбата, на теренот беа фрлени скршени столчиња и од другиот дел од трибината, па судијата конечно реши дека нема услови за игра и дуелот беше прекинат и беше одлучено да продолжи утре (среда) во 18 часот.