Касилјас во интервју со Дилета: Добро е за италијанскиот фудбал што ја нема доминацијата на Јуве

Познатата убава италијанска спортска новинарка, Дилета Леота, му направи интервју на легендарниот шпански голман Икер Касилјас, во кое разговараа и за италијанскиот фудбал.

„Кога бев дете, многу ја сакав Серија А, во тоа време ја сметаа за најсилна лига на светот, сите најголеми фудбалери играа во таа лига. Вистината е дека Серија А мина низ период во кој само Јувентус победуваше и тоа беше малку здодевно. Со силен Наполи, како и Интер и Милан кои освојуваа титули, и ја запреа доминацијата на Јуве, тоа е добро за италијанскиот фудбал. Искрено, сум размислувал за трансфер во Италија, имам голема почит кон сите тимови таму, но Реал Мадрид е Реал Мадрид“ – вели екс капитенот на Реал и на шпанската репрезентација.

Касилјас заедно со Италијанецот Џанлуиџи Буфон ги сметаат за едни од најдобрите светски голмани во поновата историја на фудбалот.

„Имавме одличен однос, пријатели сме, тој е пример за сите. Јас имав 14-15 години кога тој дебитираше на 17 или 18 во Парма. Нашите кариери беа слични, двајцата почнавме многу млади во големи тимови. Тој уште е активен и тоа е огромен кредит за него. Му посакувам да брани додека е среќен и се забавува“ – рече Касилјас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести