Наместо да се фрла паричка за почетниот удар, капитените се кршеа со јајца (Видео)

На вчерашниот натпревар од општинската лига Север-Куманово, капитените на екипите на ФК Јуниор и на ФК Речица, во духот на големиот христијански празник го одредија тимот кој ќе го изведе почетниот удар.

Наместо главниот судија да фрла паричка, капитените на двете екипи, се кршеа со јајца кој одлучи кој ќе го има почетниот удар.

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК.

„По повод најголемиот христијански празник, натпревар го обележавме со еден од најпопуларните адети “кршење со јајца” кој одлучи за првата топка“, напиша на својот профил на Фејсбук, ФК Јуниор.

Средбата на крајот заврши без победик 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести