Познато е како ќе изгледаше табелата во Премиер лигата ако немаше ВАР-систем

Во англиската Премиер лига, Арсенал и Манчестер сити водат главна битка за титулата, но и останатите екипи имаат свои калкулации, зацртани цели во пресрет на последните 7-8 кола. Низ текот на сезоната, многу мечеви беа решени по консултација со ВАР-системот, односно се даде доверба на технологијата да бидат донесени клучни одлуки.

Во пресрет на финишот, беше направена табела а тоа како би изгледал пласманот доколку не се користеше ВАР-системот. Според табелата, Арсенал би останал прв, но би имал 75 бода (еден повеќе од сегашните 74), додека Сити би имал 74 бода (сега има 70, што значи дека Граѓаните би биле на +4).

Од сите екипи, Ливерпул најмногу корист има сезонава од ВАР-системот затоа што ако не се користеше технологијата, гигантот од „Енфилд роуд“ сега ќе имаше седум бода помалку од тоа што има сега.

Табела во Премиер лигата ако не постоеше ВАР-системот:

  1. Арсенал 75 бодови (+1)
  2. Манчестер сити 74 (+4)
  3. Манчестер јунајтед 58 (-1)
  4. Њукасл 57 (+1)
  5. Брајтон 54 (+5)
  6. Тотенхем 53 (0)
  7. Астон вила 46 (-4)
  8. Фулам 43 (+1)
  9. Ливерпул 40 (-7)
  10. Брендфорд 40 (-3)
  11. Челзи 40 (+1)
  12. Кристал палас 37 (+1)
  13. Вест хем 37 (+6)
  14. Вулверхемптон 34 (0)
  15. Борнмут 34 (+1)
  16. Лидс 33 (+4)
  17. Нотингам форест 30 (+3)
  18. Евертон 29 (+2)
  19. Лестер 26 (+1)
  20. Саутхемптон 23 (0)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести