Српскиот клупски фудбал ги живее најуспешните денови од распадот на Југославија и независноста на Србија. Нашиот северен сосед за првпат во историјата ќе има пет претставници во фудбалска Европа, а шампионот оди директно во групите на Лигата на шампионите. Дополнително, второпласираната екипа ќе игра во квалификациите на најквалитетното клупско натпреварување во Европа и тоа директно во третото коло, што би значело загарантиран пласман најмалку во групите на Конференциската лига.
Медиумите и навивачите во Србија веќе започнаа со пресметките, во кој шешир ќе биде Црвена Звезда во групите на Лигата на шампионите? Според првичните пресметки, но и моменталниот пласман во првенствата во Европа, белграѓани би биле во последниот, четврти шешир, но како најдобра екипи, а потребни се неколку работи во останатите првенства, за Црвена Звезда да се најде и во третиот квалитативен барабан.
Тука пред се е германската Бундес лига, каде србите се надеваат дека Лајпциг нема да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а нивното место ќе го освојат екипи од типот на Фрајбург или Мајнц кои имаат помал коефициент од “црвено-белите“.
Zahvaljujući dobrim rezultatima u Češkoj, #fkcz je napredovala jedno mesto i trenutno se nalazi na prvom mestu ispod crte da bude svrstana u treći šešir grupne faze #UCL. Pratimo lige Engleske, Nemačke, Austrije, Češke i Grčke, kao i završnicu #UCL i #UEC. pic.twitter.com/9D6kGGk5ND
— Playtony (@Playtony_rsb) April 17, 2023
Одлучувачки за местото кое ќе го заземе Црвена Звезда ќе бидат завршниците на првенствата во Англија, Германија, Австрија, Чешка и Грција, како и финалињата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Кога веќе сме кај српскиот клупски фудбал, победникот на Купот или екипата која ќе го добие тоа место, доколку Црвена Звезда освои двојна круна, ќе оди директно во плеј-офот за Лигата на Европа, а тоа значи најмалку пласман во групите на Конференциската лига. Тоа значи дека Србија ќе има историски настап во европските купови со најмалку три екипи во групите на клупските натпреварувања.